Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, со умерен, повремено засилен, ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.
Во Скопје че биде сончево со мала облачност и умерен, а повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се достигне до 25 степени.
Под влијание на постудена и влажна воздушна маса утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и обилни проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 6 до 9 степени.
На почетокот на следната недела утринските температури ќе бидат под нулата.