Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјава.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.
УХМР соопшти дека следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот.