Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Од УХМР информираат дека ќе се задржи претежно стабилно и топло време. До сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер, а од почетокот на идната седмица ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во благ пораст.