Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.

Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.