Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степен, максималната дневна температура ќе достугне до 36 степени.

До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.