Куќата која се наоѓа на североистокот од Мексико е проценета на 3,6 милиони пезоси (184.000 долари), се наведува на страната на Националната лотарија.

Тоа е дел од понудата на вкупната награда во вредност од 12,5 милиони долари која владата ја намени на колото на 15 септември.

Ел Чапо на 16 февруари 2014 година избега од таа куќа низ подземен тунел. Уапсен е шест години подоцна во Синалоа и пратен во затвор од кој повторно побегнал. Во 2016 година тој беше повторно уапсен и следната година предаден на САД, во јули 2019 е осуден на доживотен затвор.

Казната ја издржува во еден од затворите со висока безбедност во Колорадо. Со години наназад беше сметан за најмоќниот трговец со дрога во светот.