Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.