Во присуство на претставници од дипломатскиот кор, бизнис-заедницата, локалната самоуправа, медиуми и јавни личности, во Националната опера и балет се одржа Свечената промоција на дипломци и магистри за 2023 година на Универзитетот Скопје.Ректорот проф. д-р Аце Миленковски на дипломците и магистрите им порача дека Универзитетот Скопје ги исполнува желбите и соништата на младите луѓе, а дипломата која ја добиваат е нивен пасош за светла иднина.

,, Имаме надеж затоа што вечерва тука се нашите чеда, вашите деца и нашите студенти, мојата, нашата Македонија.Клучот драги студенти е во ваши раце, ако продолжите да учите ќе постигнете големи успеси” порача Ректорот проф. д-р Аце Миленковски, пред присутните во преполната сала на Националната опера и балет.

Свечената промоција стартуваше со балетот,, Simply the best” во кореографија на Олга Панго, чија изведба низ музика и игра ги доловија сите важни мигови во образованието на една личност. Бура од емоции предизвика и изведбата на дел од групата Меморија на песната Заветна.
Најдобрата студентка на генерација дипломци 2023 порача дека со дипломирањето го добиле она за што мечтаеле и упорно работеле од моментот на запишување на Универзитетот Скопје.

,,Секој студент размислува за денот кога ќе ја добие дипломата за завршено високо образование. Тој пат бара упорност, работа, посветеност и квалитетни професори.Благодарение на академскиот кадар и нивната професионалност ние сме денес тука со вас”-порача Мартина Нанева, најдобрата студентка на генерацијата.

Најдобрата студенкта која е дел од магистрите на Универзитетот Скопје рече дека тие се бренд амбасадори, кои знаењето што го стекнале ќе го носат сегде со себе.