Во Скопје слично време, со температура од 15 до 28 степени.
Како што соопшти УХМР, од денеска ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува в среда и четврток. В среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо.
Минимална температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 24 до 34 степени.