Времето денеска во северозападниот и централниот дел од земјава ќе биде умерено до значително облачно, а во источните делови сончево.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер во северните делови, а југоисточен на југоистокот. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 6 до 0 степени, а максималната од 3 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе изнесува минус 3, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре претежно во западните делови во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Потоа до четврток времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Дневните температури во овој период ќе бидат во благ пораст, освен по котлините каде ќе има појава на магла.