Оваа недела пред се во западните предели ќе има попладне и навечер локални врнежи од дожд, а во планинските и на покачените места се очекуваат врнежи од снег. По ова, се очекува стабилизирање на временските услови до четврток, придружено со ниски утрински температури. Дневните температури во овој период ќе бележат постепен пораст, освен по котлините каде постои веројатност за појава на магла.

Прогноза за 10.12.2023
Минимална температура: -5°C до 0°C
Максимална температура: 4°C до 12°C.

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег.

Прогноза за 11.12.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне облачноста ќе се зголемува.

Прогноза за 12.12.2023
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб претежно југозападен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.