Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До петок времето ќе биде стабилно со пораст на температура. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од недела се очекува значително заладување.