Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.
Во Скопје и околината наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 20 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. В сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.