Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност, информираат од УХМР. Попладне претежно во западните делови ќе има краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, која попладне повремено ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.

Во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.