Сообраќајна несреќа на регионален пат предизвикала тешки повреди
На 18 август 2025 година во 14:00 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на регионален пат во правец од планината Плачковица кон Радовиш, во близина на манастирот „Св. Троица“.
Во несреќата учествувале два товарни возила „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки. Првото возило било управувано од С.З.(26) од село Долно Липовиќ, радовишко, додека второто возило било управувано од Ј.Г.(63) од Радовиш.
При судирот, сопатникот во првото возило, Г.К.(43) од село Дедино, радовишко, се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен и прегледан во Здравствениот дом Радовиш, каде биле констатирани повредите.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш, која презела мерки за утврдување на причините за несреќата и собирање на потребните податоци.