Четири лица се повредени во сообраќајна незгода која попладнево се случи на раскрницата кај трговскиот центар „Мавровка“.

Во сообраќајната незгода учествувале пет возила, сите со скопски таблички, потврдија од МВР.

Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски“, но засега не се знае тежината на повредите.