Во трговски центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар денеска ги лишиле од слобода А.К. и Е.Р., двајцата од Скопје, кои биле затекнати при извршување кражба, во која одземале пари од З.С.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.