Во незгодата возачот Т.Н. и малолетна сопатничка од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од двете возила, С.Н.(44) од с.Златари и Н.Б.(32) од с.Раштани, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, Општата болница – Охрид и во Клиничка болница – Битола.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.