Сообраќајна несреќа кај Стоби, на регионалниот пат Велес-Градско
На 15 август 2025 година во 15:48 часот во СВР Велес е пријавена сообраќајна несреќа кај Стоби на регионалниот пат Велес-Градско, наспроти наплатна станица Стоби.
Според информациите, мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Н. (52) од Градско, удрил во патничко возило „Фолксваген Поло“ со велешки регистарски ознаки. Автомобилот бил паркиран надвор од коловозот и го управувал Ј.К. (37) од Градско.свр
Од ударот, мотоциклистот Д.Н. починал на местото на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.