На 20.01.2022 во 21.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, во близина на „Проевски мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(34) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(53), двајцата од Куманово.

Во несреќата, Б.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.