Поради глобалниот пад на социјалните мрежи и услуги, основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој ја поседува оваа компанија, загуби 6,6 милијарди долари и падна на шестото место на листата на „Форбс“ за најбогати луѓе во светот.

Според Форбс во реално време, богатството на Закерберг опаднало за 5,4 проценти, или 6,6 милијарди долари, на 116,1 милијарди долари.

На тој начин, шефот на Фејсбук го предал петтото место на листата на најбогати луѓе на коосновачот на софтверската програма „Оракл“, Лари Елисон, чие богатство изнесува 117,8 милијарди долари.

Во понеделникот, корисниците на Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп ширум светот пријавија огромни прекини во работата на овие мрежи. Потоа имаше извештаи за проблеми во работата на Телеграм, Твитер, Гугл и Тикток.

Социјалната мрежа Фејсбук е основана од тогаш 19-годишниот Закерберг во февруари 2004 година. Седиштето се наоѓа во Менло Парк (Калифорнија). На Фејсбук исто така припаѓаат Месинџер, Ватсап и Инстаграм.