Средба за унапредување на реформите
Денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој учествуваа претставници од релевантни институции и засегнати страни. На средбата се дискутираше за тековниот напредок во спроведувањето на реформите и за клучните предизвици со кои се соочуваат институциите.
„Учесниците ја истакнаа важноста од продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати, со цел унапредување на системот и приближување кон европските стандарди,“ се наведува во објавата на премиерот Христијан Мицкоски.
Средбата ја потврди потребата од интензивирање на активностите и одржување на континуитет во реформите, како и одржување на соработка меѓу институциите за постигнување конкретни резултати во согласност со европските стандарди.
