На граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица е регистрирана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање достигнува околу еден час.
Зголемен интензитет на сообраќајот
Од Автомото-сојузот на Македонија информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На трите гранични премини се забележува поголема фреквенција на возила при влез во државата.
На останатите премини без поголеми задржувања
На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
