Следат неколку дизајнерски совети за зафати кои можеби ќе Ви помогнат да го искористите паметно секој сантиметар и да го уредите Вашиот мал простор за живеење по свој вкус.
Трикови кои визуелно го прошируваат просторот
Во визуелното проширување на просторијата, решението е во бојата на ѕидовите. Со одредени нијанси може да се создаде илузија на поголем простор, повисоки тавани, како и подобро осветлување. Некои дизајнери на ентериер препорачуваат таванот да го бојадисате во иста боја како на ѕидовите – заради визуелен континуитет, само со посветла нијанса. Поприродната светлина, исто така, остава впечаток за повеќе простор. Тоа може да се добие со поголеми прозорци.
Друга работа што е речиси задолжителна за мал простор се огледалата. Тие ќе послужат за декорација, но што е уште поважно, не само што ќе ја рефлектира светлината и ќе му даде повеќе светлост на просторот, туку исто така ќе создаде илузија за дополнителен простор.
Мудро изберете го мебелот
Кога има мал простор, треба да се биде особено креативен и внимателен со изборот на мебел. На пр., идеално решение се тн. отомански кревети со „скривалиште“ за постелнината долу. Се препорачуваат и тн. „софа“ кревети.
Друго парче мебел што зазема многу простор е масата во кујната. Се препорачува преклопна маса што можете да се прикачи на ѕидот, на пр., како и столови на преклопување, кои нема да заземаат многу простор кога не ги користите.
Искористете ги ѕидовите
Заради повеќе простор, може да се искористат и ѕидовите. Наместо големи ормари со полици, подобро решение се оние полици директно закачени на ѕид. Тие не заземаат простор и служат како одлично место за чување книги, фотографии и украсни предмети. Нека тие полици имаат иста боја како и ѕидот.
Кога се планира уредување на наттаванските простории, најважни се безбедноста и квалитетот на покривот. Тие, освен како „кров над главата“, т.е. цврста и безбедна заштита, служат и како складиште за чување помалку потребни предмети, при уредувањето мал стан по свој вкус и мерка.