Има извештаи за акумулирање на тешко оружје и војници во државата Чин, што укажува на воени напади врз милициите формирани откако војската ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Чи со преврат 1 февруари.

– Членовите на Советот за безбедност изразија длабока загриженост поради натамошното неодамнешно насилство низ Мјанмар. Тие повикаа на итен прекин на насилството и да се обезбеди безбедност на цивилите, се вели во соопштението.

Мјанмар е парализиран од протести и насилство од пучот предводен од воената хунта која се соочува со вооружен отпор од милициите и бунтовниците од етничките малцинства во сојуз со владата во сенка што ја нарекува „терористи”.

– Членовите на Советот за безбедност … ја повторија својата длабока загриженост за случувањата во Мјанмар по прогласувањето вонредна состојба воведена на 1 февруари и ја повикаа војската на крајна воздржаност, се вели во соо пштението што го составила Велика Британија.

Тие додаваат дека охрабруваат „продолжување на дијалогот и помирувањето во согласност со волјата и интересите на народот на Мјанмар”.