Италија, вечерва во Скопје и гостува на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство. Натпреварот во Ц-групата ќе започне во 20.45 часот.
Лучано Спалети, во Скопје ќе дебитра на селекторската функција, кај актуелниот европски првак. Екс-тренерот на Наполи, на клупата пред две недели го наследи Роберто Манчини.
Јасно е дека Спалети нема да отстапи од формацијата 4-3-3 која ја форсираше и неговиот претходник Манчини.
Спалети во стартниот состав ќе има двајца играчи од шампионската генерација на Наполи, десниот бек Ди Лоренцо и крлниот напаѓач Политано.
Претпоставка е дека Италија мечот во Скопје ќе го започне со овој состав:
Донарума (ПСЖ) – Ди Лоренцо (Наполи), Манчини (Рома), Бастони (Интер), Димарко (Интер) – Барела (Интер), Тонали (Њукасл), Кристанте (Рома) – Политано (Наполи), Имобиле (Лацио), Закањи (Лацио).