– Ние се обединивме бидејќи сфативме дека овие реформи се се освен нешто кое што ќе придонесе добро за децата. Во овие реформи ние како родители гледаме дека тука се е пресметано финансиски и се пресметано како наставникот и професорот ќе се најде во тие дигитални уреди, меѓутоа нигде не видовме како децата ќе го доживеат тоа. И како ова ќе влијае на нивниот психофизички раст и развој, нагласи Спасевска.

Таа додаде дека родителите две години гледаат како нивните деца се мачат во текот на образовниот процес односно онлајн настава.

– Ние имаме барање и утре ги поканувам сите медиуми на прес пред МОН во 12 часот, сметаме дека ни требаат коренити промени во образованието, и сакаме и ние родителите како тело да учествуваме во одлучување и предлагање на промени во образованието, појасни Спасевска.

Спасевска посочи дека Царовска требаше да организира јавна дебата околу новиот проект во образованието, ова што го носат е набрзина и ќе влијае лошо и на децата и на родителите.