Полицијата ќе го обезбедува гробот на македонскиот великан Гоце Делчев за време на одбележувањето на 4-ти февруари. Министерот за внатрешни работи со повик до граѓаните да не подлегнуваат на повиците на како што ги нарече радикални структури за чување на гробот на Делчев. Тврди дека МВР имало план за обезбедување на денот на одбележувањето за да се спречи евентуална ескалација.

Спасовски се уште нема конкретен одговор дали заедно со Агенцијата за национална одлука имаат донесено, како ќе постапува државата доколку во сабота повторно пристигне бугарскиот европратеник Џамбаски. Одлуките ќе биле носени кога ќе било време за тоа.

Премиерот Ковачевски вели дека немаат точна бројка колку бугарски државјани ќе пристигнат во Македонија, но дециден е дека секој кој претставува опасност за државата, нема да ја помине македонската граница.

Опозицијата веќе предупреди дека власта е неспособна да ги одбрани националните интереси, па затоа велат дека граѓаните треба да се погрижат за достоинствено чествување на Гоце Делчев.

По бројните инциденти на релација Скопје-Софија полицијата веќе најави дека ќе го крене степенот на безбедноста, откако и Советот за безбедност случувањето на 4-ти февруари го окарактеризира како настан од висок ризик.