Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е синоним на поделби и раздор, 12 години поттикнуваа меѓуетнички тензии, Арачиново во време на режимот на беше општина во која најмалку се вложуваше, општина оставена на маргините, во долгови до гуша.
„Централната власт на СДСМ помага со раздолжувањето и вложува во реални, видливи проекти, затоа што го нудиме најдоброто за секоја општина, најдоброто за Арачиново“, порача Спасовски, додавајќи дека во изминатиот период е изграден канализациски систем долг 10 километри, кој ги поврзува околните села Орланци, Мојанци и Грушино.
„Арачиново за прв пат добива градинка, го реновиравме старото училиште, објектот на општината, во наредниот период започнуваме изградба на пречистителна фекална станица во Арачиново, а дивата депонија ќе биде претворена во парк“, истакна Спасовски.
Тој најави дека во наредниот период ќе биде изградена водоводна мрежа сите жители на населените места во Општината Арачиново.
„Во изминатиот период се направија буштони во Мојанце и Орланце, но ќе ги приклучиме на градскиот водовод да можат Арачиново и Орланце и Мојанце и Грушино секој ден во годината 24 часа да имаат вода за пиење“, нагласи Спасовски.
„Најдобрите проекти за вас, за Општина Арачиново ги има вашата и наша Миликије Халими која најдобро ги познава вашите проблеми и барања и што е најважно знае како да ги реши, заедно со Миликије, заедно со советничката листа на СДСМ и Коалицијата, на чело со Бесим Кадрии, на 17 октомври ќе ја донесеме големата победа во Арачиново, ќе победи најдоброто“, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.