На новинарско прашање кога полицијата ќе може да се види со двојазични униформи, првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, одговори дека постапката е започната и дека има неколку технички проблеми кои треба да се надминат за униформите да бидат двојазични, пренесува 360stepeni.mk.

Спасовски рече дека тоа ќе биде завршено до крајот на годината.

„Реализација започна на имплементација на сите тие законски решенија и подзаконски акти. Ние тоа го направивме во рокот којшто беше предвиден со правилниците. Секако дека сега продолжува како се вршат набавките во однос на униформата, односно ознаките, така и тие ќе бидат променети. Таа постапка е во тек и за многу скоро време тоа ќе се заврши. Сега имавме одредени технички проблеми во смисла на преводи и објавувања. Сето тоа како се завршува, и меѓутоа генерално на подрачјето на Република Северна Македонија секаде веќе се започнати“,

истакна министерот Спасовски во Тетово.

Владината уредба за промена на униформите на полицијата беше изгласана на 15 владина седница на 15 март 2022.