Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предводи делегација од МВР во Тирана, Република Албанија, каде што утре ќе учествува на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи.

Спасовски, како што информираат од МВР, на форумот ќе има свое обраќање на двете сесии и тоа: во првата Сесија – Внатрешни работи на тема – „Соработка во справувањето со безбедносното влијание од руската воена агресија против Украина” и во втората Сесија – „Зајакнување на миграцијата, азилот и управувањето со границите”.

Во рамки на работната посета, Спасовски, како што е најавено, ќе се сретне со амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски и со претставници на друштвата на македонското национално малцинство во Република Албанија.