Тој вели дека доколку се погледнат бројките во овие години, само околу 200 луѓе побарале азил, а тоа покажува дека не се заинтересирани.

„Ние имаме два транзитни центри – во Гевгелија и во Табановце, а бидејќи мигрантската рута не функционира тие се скоро празни, односно има многу мал број на лица мигранти кои ги фаќаме илегално на територија на Македонија“, посочи Спасовски.