Трифун Костовски беше поканет на денешната надзорна седница во Собранието како мнозински акционер во Еуростандард банка, поранешна македонска универзална банка која е во стечај откако Народната банка и ја укина дозволата за работа во август 2020 година.
Костовски во својот исказ како сведок рече дека дента кога е прогласен стечај на Еуростандард Банка неговиот син, Коста Костовски, имал средба со Оливер Спасовски, и дополни дека ја поддржува владата во обидот заедно со Народна банка да ја спаси Алта банка.
Имам информација, тоа синот мој ми ја кажа, дека дента 12 август кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски каде било разговарано да евентуално се запре било каков процес бидејќи ние како акционери имаме голема желба банката да не оди во стечај, кажа Костовски.
Тој додаде и дека ја поддржува Владата во обидот заедно со Народна банка да ја спаси Алта банка.
Ја поддржувам Владата што застанала заедно Народна банка да ја спаси Алта Банка и ќе најде начин како да ја спаси и да ги заштити правните и физички лица, рече Костовски.
Во тој период кога Еуростандард банка отиде во стечај, имаше многу дебати во јавноста за Еуростандард банка, и многу сомнежи и прашања околу кредитирањето на фирми блиски до СДСМ и Заев, како и повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.
Тогаш Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250.000 евра.
