Хаосот го чувствуваме сите ние,граѓаните и секојдневно се соочуваме со проблемите и штетата што ја прават.
Ништо поразлична не е и состојбата во Здравствен Дом Кратово, кој е натрупан со долгови и превработеност со административно-технички персонал и со самото тоа е загрозена здравствената заштита на Кратовчани.
Директен виновник за хаосот во З.Д. Кратово е е токму Претседателот на О.О. СДС Кратово и Директор на З.Д. Кратово кој по партиски клуч, без ниту еден ден работно искуство во здравство се назначува да раководи со една од најбитните институции.
Поради неоправданите вработувања, исклучително на партиски војници, фамилијарни вработувања и недомаќинското трошење на нашите пари , З.Д Кратово е претворен во партиски штаб на СДС, комплетно нефукционален, а воедно е загрозена здравствената заштита на нашите сограѓани.
Имено секојдневното патување со возило на Брза Помош и возач од Б.П. на релација Кратово.
Скопје два пати дневно,да се донесе од Скопје и за неколку часа повторно се врати во Скопје, а по л.к. е од Кратово Директорот и Претседател на СДС Кратово свесно го вовлекува З.Д. во уште поголеми долгови, а воедно се отежнува и состојбата на нашите сограѓани, со самото тоа што за одредени услуги мораат да одат во други општини, а имаме можност услугите да ги добијат тука.
Имено во З.Д.во Кратово повеќе од една година, имаме спец.ОРЛ, а нема ординација по ОРЛ, а Кратовчани се препраќаат во други здравствени установи.
Ендокринолошката амбуланта не функционира веќе три месеци под образложение дека докторката е со повреда на нога, а истата таа Докторка има редовни термини и редовно прегледува на Клиниката за Ендокринологија во Скопје.
Од ендокринолошки анализи, во лабораторијата при З.Д.Кратово се испитуваат само два тироидни хормони, кои се далеку од доволни за да може да функционира Ендокринолошка амбуланта.
На нашите сограѓани или им е отежната или не можат да добијат соодветна здравствена заштита поради неодговорното и недомаќинско работење на Директорот на З.Д. Кратово и Претседател на СДС Кратово.
СДС ги изневери Кратовчани!
С ешто ветуваа-ништо не е исполнето. СДС нема реализирано ниту еден капитален проект во Кратово!
Никогаш не било полошо во Македонија!
Време е за избор-Хаос или Ред!
Важно е да ги поразиме!, рече Спиров.