Младиот фудбалер бил избоден во градниот кош. За убиството пренесе Н1 Загреб.
Лекарите немоќни – починал од повредите
Еден час по полноќ во Сплит, на улицата Мажураниќево шеталиште, 22-годишен маж бил нападнат од маж кој го прободел во пределот на градниот кош. Повредениот 22-годишен маж со возило на Брза помош бил пренесен во болница, каде од здобиените тешки повреди синоќа починал, извести сплитската полиција, пренесува Н1 Загреб.
Неуспешен обид за реанимација
Јосип Крниќ, раководител на Унифициран ургентен болнички прием на КБЦ, изјави дека 22-годишен маж со тешка убодна рана во пределот на десниот граден кош е донесен на итната медицинска помош без витални знаци. Веднаш почнале со реанимација, по 45 минути го прогласиле исходот фатален.
Се води истрага
Портпаролот на ПУ Сплит Далмација Жељка Радошевиќ изјави дека истрагата ја водел дежурниот заменик на жупаниското државно обвинителство во Сплит и дека полицијата ќе даде повеќе информации за настанот по завршувањето на истрагата.
Во службените простории се донесени повеќе лица, од кои две се уапсени во врска со убиството, а за нив во моментов се утврдува степенот на кривична одговорност.