Заеднички дочек на Новата година во Кичево

Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот на Кичево, д-р Александар Јовановски, информира дека градот за првпат организирал заеднички дочек на Новата година, на кој граѓаните ја поминале новогодишната ноќ сплотени, насмеани и исполнети со надеж, и покрај студеното време.

„За прв пат во Кичево, новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај доста ладното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција која ќе ја негуваме и правиме уште поголема и уште подобра, по организирана.“

Благодарност до сите учесници во организацијата

Во истата објава, Јовановски упати благодарност до угостителите, музичките уметници и до сите кои биле вклучени во техничката реализација на настанот, посочувајќи дека нивната посветеност придонела за успешна организација.

„Упатувам срдечна благодарност до сите угостители кои максимално беа посветени да ги удостојат гостите, до сите учесници на спектакуларната вечер, музички уметници и луѓето кои професионално си ја завршија работата околу техничката спремност на целиот настан.“

Празнични денови и честитка за Новата 2026 година

Градоначалникот наведува дека Кичево и понатаму ги живее празничните денови со музика, забава и позитивна енергија, нагласувајќи го заедништвото меѓу граѓаните.

„Кичево продолжува да ги живее најубавите празнични денови со многу музика, забава и позитивна енергија. Се поклонувам пред Вас мои мили сограѓани, заедно продолжуваме напред.“

Во објавата е вклучена и новогодишна честитка.

„Среќна и бериќетна да ни биде Новата 2026-та година, исполнета со многу здравје, среќа, љубов и благосостојба во секој дом!“