Социјалистичката партија на Македонија оценува дека најавите за промена на власта со значителна доминација на претставници од етнонационални партии значи прекршување на темелните вредности на уставниот поредок во државата.
Се кршат правата на македонските граѓани за сметка на останатите и со тоа се оформува специфична состојба каде малцинството владее со мнозинството граѓани и ги дискриминира по основ на етничка припадност.

Во продолжение соопштението од СПМ

СПМ оценува дека концептот на власта за „Едно општество за сите“ се однесува за сите други освен за Македонците. Се согледуваат и се признаваат разликите, но се менуваат за сметка на Македонците, и, место да гради, власта ја нарушува општествената кохезија.
Власта ги подредува граѓаните за да се одржи и да краде од народните пари. Македонскиот народ губи и молчи од страв од реперкусии од власта која осилено се заканува со репресивни мерки.
Се менуваат предусловите за интеркултурализам и се дискриминира мнозинскиот народ со цел да се избришат неговите историски корени, јазикот, името на државата, културата, традицијата, и се што го поврзува на македонските простори.
Етничката поделеност која уставно се регулира со правична застпаеност се руши. Се кршат уставно загарантираните права. Македонското мнозинско население во државата се подредува на малцинствата и има се помалку права.
Владата со историски најнеспособниот премиер Ковачевски работи на штета на македонската држава и народ, ја продава и уништува со цел да се одржи по секоја цена за лични интереси.
Ковачевски без размислување прифаќа небулози и нелогичности кои се штетни за сите освен за неговата предавничка партија која прифаќа целосна албанизација на државата. Се обидува да формира влада со мнозинство Албанци, а малцинство Македонци во сите ешалони на власта. Поголема срам и предавство не е забележан во македонската историја.
Таквата власт е без легитимитет и треба веднаш да биде поништена со оглед дека е противуставна.
Има ли спас од ова зло што се нарекува власт?
Социјалистичката партија на Македонија постојано истакнува дека излезот е во итни и неодложнии избори каде народот ќе ја земе власта и ќе избере легитимни претставници кои ќе се грижат за македонскиот народ и држава и ќе го озбезбедат незиниот напредок во иднина.