Ние не можеме да ги одржуваме објектите за култура затоа што се неквалитетно направени во времето на Груевски, коментира Зоран Љутков на утрешното гостување на Радио Лидер. Актерот прашува до кога власта за својата неспособност ќе го обвинува Груевски штом веќе поминаа цели шест години?

Понзатиот македонски театарски и филмски и телевизиски глумец, Зоран Љутков утрово беше гостин на емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“. Со актерот којшто е и политички активен како претседател на Советот на Општина Велес се зборуваше на повеќе актелни теми од областа на културата, а една е околу одржување на работите во културата и тоа дека власта „се вади“ и по 6 години уште на грбот на Груевски.

Не можам да читам вест на Цивил Медиа каде што вика, сокривајќи ја неспособноста во овие 6 години на власта, тргнува со наслов: „Грувски му дал толку и толку пари“, тогаш веднаш престанувам да ја читам веста бидејќи се работи за апсолутна невистина, вели Љутков.

Освен оваа тема, гостинот зборуваше за новостите, буџетот во културата, минситерката нејзиното потфрлување и ангажмани и слично. Целата емисија може да ја проследите ТУКА.