Социјалистичката партија на Македонија оценува дека отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е продолжување на омаловажувањето и понижувањето на македонскиот народ и на граѓаните во Македонија со согласност и дозвола на однародената и нелегитимна македонска власт, велат од партијата.
Социјалистичката партија на Македонија жестоко се спротивставува на отворените територијални претензии и желбите за бугаризација на македонското општество и држава. Со индигнација го одбиваме безсрамното и отворено посегање кон сите македонски вредности на бугарската власт, со потценувачкиот и непријателски однос кон Македонците и злоупотребата на европските институции за освојувачки цели.
Во продолжение соопштението
Фашистичкиот бугарски цар Борис не заслужува ни да се спомне во Македонија заради злосторствата што се направени под негова команда и за кои сèуште има живи сведоци на крвавите злодела и на поразот на бугарските фашисти во Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија жестоко го осудува полтронското молчењето на надлежните институции во Македонија.
Ниту инфериорниот премиер Ковачевски, ниту недораснатиот министер Османи не се изјаснија дека не треба да се дозволи отварањето на ваков квази клуб.
Тие и дозволуваат на бугарската непријателска власт да влијае врз нашите граѓани со империјални интереси за територијата на Македонија, за бришење на македонската историја, со негирање на македонскиот идентитет, со непризнавање на македонскиот јазик и на се што е македонско.
И сето тоа сред македонската држава на очиглед на македонскиот народ и граѓани, пред слепата и глува, апатридна и антимакедонска социјалдемократска клика.
Отворањето на други клубови како и ширењето на пропаганда во интерес на бугарската кауза треба и мора да се забрани.
Народот во Македонија со право реагира и протестира против оваа ненародна власт која дозволува да се подреди Македонија под интересите на Бугарија.
Тоа не смее и нема да помине!
Социјалистичката партија на Македонија напоменува дека Владата со полтронскиот однос и прифаќање на сè што се бара од странство само ја уништува македонската држава.
Недопуштено е да се прават отстапки кои се неприфатливи и кои македонскиот народ ги осуди како велепредавнички и на штета на државата и на идните генерации.
Мора да се бара реципроцитет и во отварањето клубови на Македонци во бугарските градови!
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека е неопходно да се обединат сите парламентарни и вонпарламентарни политички сили и да се инсистира со сите средства за смена на премиерот и Владата.
Македонските социјалисти укажуваат дека итни и неодложни предвремени парламентарни избори се неопходни за спас од пропаѓање и колапс на државата од сегашната ненародната власт