Социјалистичката партија на Македонија укажува на суровата и нечовечна политика на СДС и ДУИ кон пензионерите и грубото одбивање на нивните барања за зголемување на пензиите.

Во продолжение соопштението

Погрешните економски политики, промашените буџетски проекции, корупцијата и непродуктивните трошоци на Владата оневозможија услови за стопански раст што резултира со пореметување на тековно работење и на фондот дури и во редовната исплата на пензиите што власта го сокрива од јавноста.

На пензионерите им напоменуваме на подзаборавените 8% од пензиите што своевремено им ги украде токму владата на СДС.
Исто така, повторно владата на СДС и ДУИ со промената на моделот им укина проценти за раст во период од 4,5 години со што пензиите заостануваа и се обезвреднуваа. Заради високата инфлација власта беше принудена да го врати стариот модел од претходната влада за пресметка на растот на пензиите, а сега истиот смешно го промовира како нивни „швајцарски модел“.

Ги потсетуваме македонските пензионери дека секогаш кога СДС владее тие редовно губат и грубо се покрадени, затоа што кај власта на СДС не постојат никакви чувства кон возрасните граѓани, ниту пак се внимава на нивните потреби.

Оттаму СДС за пензионерите претставува фактор на недоверба затоа што работи на штета на нивното достоинство и задоволувањето на нивните основни и егзистенцијални потреби.

Социјалистичката партија на Македонија бара да се прифатат барањата на пензионерите и да се преговара со нив затоа што инфлацијата, особено растот на цените на прехранбените производи и енергијата ги доведува пензионерите без егзистенција, без животна перспектива и го загрозува нивниот опстанок.