Социјалистичката партија на Македонија оценува дека министерот за образование Шаќири несериозно се однесува во врска со печатењето и доставувањето на учебници што е негова надлежност и обврска.
-Неговите ветувања и датуми кои ги набројува не се исполнуваат, додека учениците учат од прирачници и од се друго ама не и од учебници.
Министерот се уште не објавува уште колку учебници надостасуваат во сите степени на образованието со оглед дека конкурси за автори и за рецензенти се објавуават постојано, што значи дека работата со учебниците не е довршена.
Реално е незадоволството од наставниците, од учителите и од професорите кои не се задоволни од условите во кои работат како и од платите кои заостануваат споредени со растот на цените и инфлацијата.
Шаќири, како и неговиот шеф Ковачевски, како да не ги засегаат проблемите во образованието туку најважни се измените на Уставот како прв приоритет. За тоа како им е на учениците и на родителите не им е грижа.
Затоа Социјалистичката партија на Македонија укажува дека изместените приоритети на власта ја покажуваат неспособноста и погрешните политики кои ги води Владата и заради тоа мора да си оди, а изборите да се одржат веднаш, додаваат од Социјалистичката партија на Македонија.