Социјалистичката партија на Македонија испрати честитка по повод денешниот празник 11 Октомври – Деното на народното востание која во продолжение ви ја пренесуваме интегрално:
Почитувани граѓани на Република Македонија,
Денес го чествуваме 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на големата народно-ослободителна и антифашистичка борба која во 1941 година слободуљубивиот и правдољубив македонски народ ја поведе против фашистичките окупатори.
11 Октомври е Ден кој претставува најава на големата победа темелена на вредностите на слободата и човечкото достоинство, а сèнародната борба против фашистичкиот окупатор е пример за пркосот и желбата да се опстои на вредностите во кои искрено верува македонскиот народ.
Токму народно ослободителната борба придонесе Македонија и Македонците да ја извојуваат величенствената победа врз фашистичките окупатори и да го дочекаат крајот на Втората Светска Војна на страната на победниците и поборниците на мирот, слободата, демократијата и почитувањето на човековите права.
Нашиот македонски народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава, резултат на сите претходни востанија и лични саможртвувања, вткаени во битието на нашата нација.
Прославувајќи го овој ден и сеќавајќи се на сите жртви со голема почит и благодарност длабоко им се поклонуваме. Поголемиот дел од нив се раководеле од социјалистичкиот идеал за класна рамноправност и социјална правда подеднакво за сите, со што народно ослободителната борба во себе ја соддржи и револуцинерната димензија.
Драги сограѓани, народе македонски и граѓани на Македонија,
Тоа што некогаш беше борба за слобода денес во ова време неврема за македонскиот народ и држава претставува борба за самооддржување и опстанок на нацијата и државата. Македонија и македонскиот народ кој се соочува со отворено оспорување на неговото постоење со негирање на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, историјата, културата, државноста, државотворноста и се што е македонско. Овие големи предизвици се наметнати од наши недробронамерни соседи, но и од внатрешни политички отпадници кои за своите недела единствено се ракововдат со материјални и финансиски интереси, лицемерно затскриени со ветувања за интегративна подобра иднина и живот.
Едиствено македонскиот народ сам може да ги постигне и да ги избори тие цели во својата дтжава. Затоа за македонските работи потребно е да одлучуваат самите Македонци.
Треба сите да бидеме свесни за големите предизвици и макотрпната борба која не очекува за нашата иднина. Низ нашето богато минато научени сме на таква борба за што денес ни е потребно како никогаш до сега меѓусебно сплотување и единство во пребродувањето на проблемите, надворешни и внатрешни, со кои се соочува нашата држава и нација.
Ние Македонците и сите граѓани во Република Македонија таа борба ќе ја извојуваме по секоја цена.
Тоа е идеалот кој денес е предизвик за нашата генерација и ние мораме да одговориме најдобро што можеме, како што тоа го направиле нашите предци, со срце, со љубов за својата земја, со беспоштедност и со многу напорна работа.
Нека ни е честит и вековит општонародниот празник 11 Октомври!
Нека ни е успешна и вечна Татковината!
Да живее Република Македонија!
Ваша, Социјалистичка партија на Македонија.