Одличната реакција на овој град против пандемијата на коронавирусот придонесе за нивната одлука.
Од 2018 до 2020 година, Виена ја носеше титулата најдобар град за живеење. На овогодинешното рангирање не е ниту меѓу првите десет градови – позициониран е на 12-то место. На редоследот значително влијаеше реакцијата на градовите на пандемијата, што The Economist ја зеде во предвид.
Се разгледувало за стабилноста и состојбата на здравствената заштита, културата и животната средина, образованието и инфраструктурата.
Меѓу десетте најдобро рангирани градови се Осака, Аделаида, Велингтон, Токио, Перт, Цирих, Женева, Мелбурн и Бризбејн.
Меѓу десетте најлошо рангирани градови се Дамаск, Лагос, Порт Моресби, Дака, Алжир, Триполи, Карачи, Хараре, Дуала и Каракас.