Во Тема 2 – „Населението и континентите“, во делот каде што се опишуваат географските карактеристики на Македонија, наведено е дека земјава на исток се граничи со Република Албанија, а на запад со Република Бугарија
Откако вчера на социјалните мрежи почна да кружи лапсусот кој се најде во новиот учебник по Историја и општество за петто одделение, во кој е напишано дека највисокиот врв на светот Монт Еверест е висок 29 305 метри, наместо реалните 8 849 метри, денеска на повидок е нова географска грешка во истиот учебник.
Во Тема 2 – „Населението и континентите“, во делот каде што се опишуваат географските карактеристики на Македонија, наведено е дека земјава на исток се граничи со Република Албанија, а на запад со Република Бугарија.
Северниот и јужниот сосед се правилно напишани, Србија и Косово на север и Грција на југ.
Станува збор за новиот учебник по Историја и општество, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН.
Во истиот овој учебник, на децата им се нуди информација дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29 305 метри. Монт Еверест е висок 29 305, ама не метри, туку стапки. Ако стапките се претворат во метри, се добива точно 8 849 метри.