Што се однесува до забелешките на кој степен да се подигне подготвеноста во поглед на справувањето со различните облици и потенцијални закани, мислам дека е соодветно со оглед на случувањата можеби малку подалеку од нас, меѓутоа сепак е релевантно. Тоа не значи дека се зголемува ризикот, меѓутоа на нституциите им се посочува дека треба на определени сегменти да обрнат малку повеќе внимание, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на Сител.
Петровска ја посочи важноста од тоа да безбедносните и разузнавачки служби имаат точни информации кога во регионот и пошироко има неколку жаришта и воени дејствија.
Сите аспекти на безбедноста се земени во предвид. Нациналниот комитет за спречување на тероризам има свој аспект на работа и со повратниците од воените дејствија и се додека постои одлична координација помеѓу институциите, спроведување на активностите кои се планирани, мислам дека можеме да имаме позитивни извештаи во однос на безбедноста на нашата држава, рече Петровска.
Таа истакна дека од особено значење во ваква ситуација е превенирањето, набљудувањето и навремената реакција.
Во Република Северна Македонија нема опасност од прелевање од некаков вооружен конфликт, Северна Македонија е земја членка на Алијансата, и навостина се посветува внимание на гарантирање на безбедноста на нашата држава – порача Петровска.