Во период кога нѐ очекува големиот настан на ОБСЕ и којшто доаѓа непосредно по нашето претседавање со ова тело, се наметнува прашањето: Дали Македонија успешно претседаваше со ОБСЕ?

Контроверзии за министерскиот состанок

Во пресрет на оваа конференција да се потсетиме дека претходеа многу контроверзии. Се започна со тендерот вреден 1,8 милиони евра кога градежната фирма „Еуровиа“ од Желино ја доби оваа организација од Министерството за надворешни работи за преадаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Сепак, министерската конференција на ОБСЕ која ќе се одржи во Скопје сѐ уште нема јасна сума. По завршувањето на настанот ќе стане јасна точната сума на јавните средства што треба да се потрошат.

Министерот Бујар Османи денеска изјави дека ќе се потрошат помалку од планираните пет милиони евра. Тој нагласи дека трошоците за претседавањето со ОБСЕ ги сноси земјата домаќин, при што во текот на годината се обезбедени околу половина милион евра од Секретаријатот на ОБСЕ, пред сѐ за настани што се одржуваат во Виена, Прага и Варшава.

За контроверзниот тендер кој наиде на критики во јавноста, Османи увери дека МНР мора да ја спроведе оваа акција, нарекувајќи ја како „рамковен договор“ или, како што рече, „резервен план“.

Дали успешно раководеше Бујар Османи?

Неполн месец по симболичното затворање на претседателството на Македонија со ОБСЕ со Министерскиот совет во Скопје, сега може да се сумираат првите впечатоци и анализи за успехот на претседателството.

Краткиот одговор на ова би било: Не како што се очекуваше. Министерот Османи летово неуспешно се обиде да посредува во преговорите меѓу Србија и Косово. Освен ова, Османи помпезно најави дека Ерменија и Азербејџан ќе имаат преговори во Охрид, за на крајот сепак тој да извиси и истото да биде во Иран.

Коректно е да се истакне дека целиот регион, но и свет беше и со останати предизвици како руската агресија врз Украина, или новонастанатата ситуација меѓу Израел и Палестина. Во ваквите времиња имаше многу поделби на земјите учеснички.

ОБСЕ се уште не може да одлучи кој ќе биде следниот претседавач, а за еден месец се ближи крајот на нашето раководење.

Неуспех со македонско-бугарското прашање, но и сомнителни тендери

Мислењата во јавноста дали Османи направи самопромоција, промоција на Македонија или на Албанците во Македонија се поделени. Значајно е да се истакне дека за време на ова претседавање, Македонија не успеа да наиде на компромис со Бугарија, а бевме приморани да бидеме под бугарски диктат за уставни измени. И покрај „солидно поле“ за преговори, сепак договорот се уште излгеда невозможен.

Освен овие предизвици, Османи наиде и на негодување за трошењето на средствата за активностите на Претседателството. Имаше поплаки за јавните набавки, рекламирањето, но и секако најактуелно: Фирмата Еуровиа од Желино која е блиска до структурите на Османи од ДУИ. Реакции имаше и за изнајмување автомобили кои во голема мера беа и оправдани.

Останува да видиме дали успешно ќе биде организиран настанот за чија јавна набавка има многу сомнежи и оправдани прашања кои се поставуваат.

Фирма „Еуровиа“

За крајот, да се потсетиме дека фирмата „Еуровиа“ го доби и тендерот од два милиони евра за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.