Приведен жител на Горно Палчиште со полн автомобил нелегални производи

Утрово (20 јули 2025), околу 8 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С. (45) од селото Горно Палчиште, општина Боговиње. При контрола на патничко возило марка „Ауди“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од осомничениот, била откриена поголема количина нелегална стока.

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ ВО ТЕТОВО – без бандероли и алатки за нивно производство

Во возилото биле пронајдени 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари без акцизни маркици, 19 машинки за полнење цигари и дури 98 килограми дробен тутун. Според надлежните, стоката е без потребна документација и не подлежи на акцизна контрола. Постои основано сомнение за обид за шверц.

Кривична пријава за неовластен промет и акцизни прекршоци

По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 278-б и член 279 од Кривичниот законик. Властите најавуваат засилени контроли со цел сузбивање на нелегалната трговија со тутунски производи.

Погледнете повеќе од фотографиите во продолжение:

СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ ВО ТЕТОВО
СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ ВО ТЕТОВО