Професорката по етика Драгана Костиќ со став кој бргу се прошири на социјалните мрежи, а се однесува на денешниот инцидент во основното училиште во главниот град на соседна Србија.
Предупредува дека ова треба да е аларм и за нашето општество.
Нејзиниот став ви го пренесуваме во целост:
Седмооделенец, го променил училиштето оваа година, повлечен, тивок велат и депресивен, син на лекар, каква иронија еден лекар кој треба да спасува животи создал убиец, убиец на само 12 години кој само до сега одземал 8 животи.
Кога го уапсиле застанал смирено и рекол, убив зошто сум психопата.
Имено, влегол во училиштето пукајки во чуварот, па во часот по историја пукал во наставничката и во неговите соученици.
Ова е најголемата трагедија и крвопроливање во поновата историја за Србија како држава.
Србија не е далеку од нас. И ова треба да е аларм и за нас!
Системот и таму и тука е апсолутно ист.
Каде грешиме?
Во децата се вложува, во иднината се вложува!
Лоша медиумска содржина, слаба контрола од родителите кои уморни се борат на неколку работи за егзистенција, па најлесниот начин е дајте им телефоните.
Лоши просветари и педагози вработени партиски без квалитет, исфрустрирани од слабите плати, кои не работат за да вложат во децата.
Насекаде дозволено пропагирање на насилност, во игрите кои ги играат, во содржината на социјалните мрежи и телевизии.
Авторитет, пример како треба, децата немаат!
Социјални служби, психолози и психијатри никој не ја работи својата работа како што треба!
Со врски примаат болни и опасни деца во училиште, непрегледани често со скриени шифри.
И вака можам да бројам до задутре каде е грешката.
Системот, сите згрешивме, и создадовме еден трул систем.
Последиците сега се страшни а кој знае што не очекува. А нема поголема казна од живеењето во страв и неизвесност.