Тоа значи дека до крајот на неделата, вклучително и за време на викендот, нема да работи ништо освен продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките, банките, менувачниците, шалтерите на државната управа и производствените капацитети.
Затворени се сите угостителски објекти (кафулиња, ресторани, барови), трговските центри, сите продавници, освен оние за неопходни намирници, киносалите, музеите, галериите, салоните за убавина и фризерските салони, обложувалниците, казината, игротеките, спортските сали, фитнес центрите, базените, спортските балони…
Ова е првенствено поддршка за нашите здравствени работници и целиот здравствен сектор. Ова е компромисно решение затоа што мерките се општи, но во моментот тие се во сила пет дена, иако медицинскиот дел бараше најмалку 14 дена. Дали ќе има продолжување во понеделник зависи повторно од сите нас. Апелирам за максимална дисциплина и разбирање на состојбите во нашиот здравствен сектор, рече српската премиерка, Ана Брнабиќ.