Две лица се повредени по пукотниците на наплатната станица во Желино кои се случиле вчера.
Како што било пријавено во СВР Тетово, околу 11 часот на наплатна станица Желино, Џ.А (40) од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон А.К.(34) и неговиот брат А.К.(32), при што двајцата се здобиле со повреди.
А.К. и А.К. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.